– Нема канти, да има канти луѓето ќе ставаат во кантите. Треба хигиената да се подобри тука, за сите е подобро, деца тука има, градинка, нормално дека треба да има канти за отпадоци… Преку 50 метри би требало да има канти, за да се подобри хигиената. Фрлаат мушами, фрлаат друго, а ако има канти, ќе фрли во кантата… Луѓето дека сакаат таму фрлаат, некои се културни и носат по контејнерите, ама некој тупне на улицата и бега, заврше си работа, рекоа граѓани на Кочани.
Граѓаните ја поздравуваат и одлуката да се отстрани контејнерот што беше лоциран пред ОУ “Раде Кратовче“ со што сега е избегнато создавњето дива депонија во речното корито во негова близина. Сепак, поради неодговорниот однос на поединци, отпадоците повторно се фрлаат на оваа локација, заради што неопходно е да се постават неколку канти, рекоа анкетираните соговорници.
Годинава за набавка на комуналмна опрема, однесно за контејнери, канти за отпадоци и придружна опрема од КЈП “Водовод“ беше планирано да се потрошат околу 1,8 милиоон денари, а по завршената тендерска постапка постигнатата цена е пониска за околу 250 илјади денари.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.