Од даночното одделение во Кочани потсетуваат дека годишна даночна пријава поднесуваат лицата кои што во текот на 2017 годин издавале под закуп станбен или деловен простор, гаража, земјиште, викендица, опрема, превозни средства или друг вид на имот; склучиле авторски договор, односно оствариле приход од авторски права и права од индустриска сопственост; ако била исплатена дивиденда или камати по основ на заем исплатен на физичко или правнолице; оствариле капитална добивка од продажба на учество во капитал (продажба на удел) и недвижен имот; oствариле добивка од општите игри на среќа во износ поголем од 5.000 денари ; лични примања од странство за активности поврзани со работењето во Република Македонија; работно биле ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација во Р.М, односно имале лични примања од дипломатски, односно конзуларнi претставништва на странски држави во Р.М или пак остварувале лични примања кај претставници и службеници на претставништвата кои уживаат дипломатски имунитет; и ако оствариле и „други приходи”.
Немаат обврска да поднесат Годишна даночна пријава лицата кои што во текот на годината имаат остварено поединечно само приход од: плата, пензија, земјоделска дејност и самостојна дејност.
Својата обврска за поднесување на годишна даночна пријава граѓаните треба да ја извршатдо 15 март, а тоа е уште само два дена. Од УЈП Даночно одделение Кочани информираат дека одделението работи во две смени до 20 часот.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=n7a3bf0yfvg
{backbutton
©2023 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.