Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Граѓаните месечно плаќаат по 7,5 илјади евра за паушали на членовите на Советот на Општина Кочани

автор: Т. Ајтовски
20 јуни, 2025
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Граѓаните месечно плаќаат по 7,5 илјади евра за паушали на членовите на Советот на Општина Кочани

Инцидентот во Советот на Општината што се случи на 65. седница, по кој Кочани стана додатно „актуелно“, отвора низа прашања, меѓу кои и такви поврзани со безбедноста на присутните во салата за седници.

Службеничката вработена во Општина Кочани, којашто вчера беше повредена од удар со полно пластично шише со вода, несомнено доживеа огромен стрес, физичка и психичка болка.

Помошник-раководителката во Секторот за општи и правни работи и јавни дејности во Општина Кочани, Ана Кралева, за Канал 8 соопшти дека направила неколку лекарски прегледи и снимки и дека за среќа, поминала со полесна повреда. Кралева истакнува дека последниве неколку години, Советот воопшто не е безбедно место за работа и дека неколкупати барала администрацијата што ги следи седниците да седи засебно од членовите на Советот.

Всушност, наместо да биде место на спротивставени мислења, ставови и гледишта што ќе се бранат со аргументи, Советот на Општина Кочани како да се претвора во арена/бојно поле.

Колку чини една седница на Советот?

Секој советник за една седница, значи месечно, добива паушал од околу 24 илјади денари, а претседателот на Советот – 30 илјади денари.

За членовите на Советот на Општина Кочани од општинскиот буџет на месечно ниво се исплаќаат 462 илјади денари.

За една година граѓаните плаќаат околу 90 илјади евра за финансискиот надомест за сите советници.

И, тоа не е сѐ.

Пред почетокот на мандатот секој советник добива нов преносен компјутер и мобилен телефон со платена месечна сметка, а од општинскиот буџет се обезбедуваат и трошоци за репрезентација.

Дали овој инцидент ќе ја смири политичката нетрпеливост во Советот на Општина Кочани – останува да покаже времето. Претстојните локални избори – со сигурност ќе го сменат неговиот актуелен состав.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: општина кочанисовет на општина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

29. „Марш за ангелите“: Обвинети ги прекршуваат законските мерки и имаат средби со оштетени, ако за една недела нема одговор од Обвинителството ќе има посилни и поорганизирани акции
Кочани

29. „Марш за ангелите“: Обвинети ги прекршуваат законските мерки и имаат средби со оштетени, ако за една недела нема одговор од Обвинителството ќе има посилни и поорганизирани акции

автор: Т. Ајтовски
8 ноември, 2025
0

Родителите на загинатите во трагeдијата во клубот „Пулс“ јавно реагираа до Јавното обвинителство поради тоа што обвинети оствaруваат средби со оштетени лица со што можат директно да влијаат...

прочитај повеќе
Нов градоначалник на Кочани е Владко Грозданов, во вториот круг на локалните избори оствари разлика од над 1.400 гласа пред Венко Крстевски
Кочани

Нов градоначалник на Кочани е Владко Грозданов, во вториот круг на локалните избори оствари разлика од над 1.400 гласа пред Венко Крстевски

автор: Т. Ајтовски
3 ноември, 2025
0

Владко Грозданов, кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е нов градоначалник на Општина Кочани откако во вториот круг на локалните избори оствари разлика од над 1.400 гласови пред...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
ное 9, 2025 - нед
Кочани, MK
12°C
облачно
облачно
1 m/s, E
91%
762.82 mmHg
sun11/09 mon11/10 tue11/11 wed11/12 thu11/13
слаб дожд
18/12°C
облачно
16/12°C
слаб дожд
14/9°C
чисто небо
14/7°C
чисто небо
15/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?