Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Граѓаните повторно на протест против загадувањето од градската депонија, нема да се откажат додека не се реши проблемот

автор: Т. Ајтовски
5 август, 2023
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Граѓаните повторно на протест против загадувањето од градската депонија, нема да се откажат додека не се реши проблемот

Граѓаните кои во четвртокот почнаа со протест против загадувањето од комуналната депонија кај Бели, во петокот го продолжија собирот на крстосницата кон селото, на регионалниот пат кон Пониква, изразувајќи револт што надлежните не преземаат соодветни активности за решавање на проблемот.

На протестот се придружија жители и претставници од Месната заедница од Бели, кои нагласија дека состојбата со загадениот воздух е неиздржлива затоа што чадот од запалената депонија им влегува директно во домовите. Забележале дека на депонијата се донесува отпад и од соседните општини, а на просторот каде се депонира ѓубрето престојуваат лица кои неовластено го пребаруваат и палат.

На протестот беше заклучено дека неопходни се посериозни активности, за да ги натераат надлежните да преземат мерки што ќе дадат позитивни и долгорочни резултати.

-По телефонски разговор со лица од комуналното претпријатие дојдовме до сознание дека нашите и нивните ставови се во ист правец, односно дека на депонијата треба да се воведе контролиран влез и излез со физичко обезбедување и да се постави видео надзор. Тоа е првата работа, а втората е дека треба под итно да се третира со алги, што во минатотот се покажаа како добра практика, сето тоа да биде континуирано, перманентно, според количината на отпадот. Не можеме да дозволиме ако ја изгаснеме сега, после еден месец или два да ни се повтори истата слика, истакна Златко Илијев, учесник на протестот.

Граѓаните најавија дека протестите ќе ги продолжат, со сериозно размислување да ги радикализираат. Оценија дека протестите против загадувањето од „Пејпар мил“ после долга и континуирана активност дале резултати, поради што истите методи ќе се применуваат и во овој случај.

-Ппанираме да ги преместиме протестите во градот, на тој начин ќе бидеме побројни и повидливи, за да оствариме официјална средба со раководните лица на КЈП „Водовод“, како и со надлежните од Локалната самоуправа и од Министерството за животна средина, додаде Илијев.

Како можна радикализација на протестите беше предложено да се ангажира приватна агенција за обезбедување која ќе го контролира влегувањето на депонијата и ќе спречи неовластеното пребарување и палење на ѓубриштето.

Присутните на протестот нагласија дека комуналната депонија кај Бели е нелегална, без соодветна урбанистичка документација и дозвола за намената, иако со децении локацијата се користи за одлагање на отпадот.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: депонијапротестен собир

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: „Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење“
Кочани

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: „Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење“

автор: Т. Ајтовски
24 мај, 2025
0

Во молк, без транспаренти и со фотографии од починатите деца, родителите и семејствата на настраданите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска во Кочани го оддржаа седмиот „Марш за...

прочитај повеќе
24-годишник од Кочани заработи притвор за убиство во обид
Кочани

Семејствата на жртвите во клубот „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

автор: Администратор
24 мај, 2025
0

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите. Преку исказите дадени...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мај 24, 2025 - саб
Кочани, MK
15°C
облачно
облачно
2 m/s, WSW
90%
759.06 mmHg
sat05/24 sun05/25 mon05/26 tue05/27 wed05/28
-/15°C
слаб дожд
15/6°C
слаб дожд
18/8°C
облачно
20/12°C
неколку облаци
21/11°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?