Жителите на улиците „Осоговска“ и „Христијан Карпош“ во Кочани, по сопствена иницијатива, денеска со бетон ги пополнуваа дупките на асфалтираниот коловоз. Сами ги обезбедија потребните материјали за да ги оспособат сообраќајниците за нормално функционирање.
Освен пополнувањето на дупките, тие ги исекоа и дрвјата кои претставуваа дополнителна опасност на овие улици.
Жителите неколку пати реагирале кај надлежните општински служби, но резултатот бил неуспешен. По реакцииите и неажурноста на „Водовод“, одлучиле сами да ги санираат оштетувањата на асфалтот.
Овие две улици се раскопани повеќе од година ипол, што е огромен проблем. И пред да бидат раскопани, службите на итната медицинска помош и противпожарните екипи немале можност за пристап, а ниту такси возилата не сакаат да доаѓаат поради сериозните оштетувања на улиците.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.