Група револтирани граѓани попладнево излегоа на предупредувачки протест на крстосницата кон селото Бели на регионалниот патен правец кон Пониква. Причината за протестот е неконтролираното палење и чадење на депонијата.
Присутните граѓани упатија јавна покана до надлежните од Локалната самоуправа, КЈП „Водовод“ – Кочани и Државниот и општинскиот инспекторат за животна средина за средба со цел решавање на деценискиот проблем.
-Преку граѓанска иницијатива денеска се собравме да упатиме порака до надлежните дека сме тука и не има. Ние не сме тука да дадеме укор или да ги навредуваме надлежните, иако го заслужуваат тоа, тука сакаме да изнајдеме заедничко решение. Ги повикуваме утре, во исто време и на исто место да дојдат и да ги слушнат нашите конкретни решенија кои сметаме дека ќе вродат со плод и конечно да се стави крај на проблемот со Градската депонија. Со протестите ке продолжиме додека не изајдеме решение. Доколку надлежните немаат слух протестите ќе бидат радикализирани, истакна Златко Илијев, жител на Кочани
-Мислам дека на ваков начи со ваков протест ќе ги охрабриме надлежните да почнат да си ја работат работата за која се платени. Не гледам интерес на надлежните во решавање на проблемот, тие најчесто констаираат, односно цело време ја префрлаат топката дека проблемот ќе се реши по отворањето на регионаланата депонија. До отворање на регионалната депонија ние треба да живееме и функционираме нормално, а не да бидеме отруени од согорувањето на Градската депонија, кажа Жаклина Филипова Свеќароска, советничка во Советот на Општина Кочани.
Локацијата за протестот беше избрана поради фактот дека е побезбедна за разлика од кај Градската депонија, бидејќи таму се испуштаат канцерогени материи кои согоруваат.
Одговорност за решавање на проблемот со кочанската депонија треба да се бара од КЈП „Водовод“ бидејќи тоа стопанисува со депонијата. Протестите продолжуваат и утре во исто врема, заради изнаоѓање корисно решение за сите граѓани на Кочани.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.