Почитувани, ГФК „Осогово“ сака да ги извести сите симпатизери и подржувачи на нашиот клуб дека од денеска нов тренер на екипата ќе биде Добринко Илиевски, добро познато име за кочанската јавност, поранешен фудбалер на „Осогово“, во време кога „Осогово“ настапуваше во Првата македонска фудбалска лига.
Добринко Илиевски е добро познато и тренерско име во Македонија, претходно како асистент тренер започнал во „Македонија Ѓорче Петров“ и „Вардар“, за да потоа биде и главен тренер на екипите на „Тетекс“, „Кит Го“, „Брегалница“ на двапати,ви селектор на Македонската фудбалска репрезентација до 17, 19 и 21 година.
Сите овие податоци покажуваат за тоа какво искуство поседува новиот тренер на „Осогово“. Сите ние во клубот му посакуваме добредојде во новата за него позната средина,а од понеделник тимот стартува со тренинзи по двапати кои ке се одвививаат на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани и е планирано во тек на следната недела да се приклучат неколку нови играчи.
За сега нови играчи на „Осогово“ се Драган Паунов и Јован Дојчинов од „Слога“ – Виница и Славче Митовски од „Беласица“.
ГФК „Осогово“
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.