Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

„Два града – иста болка“ – семејствата на загинатите во кочански „Пулс“ оддадоа тивка почит на настраданите во пожарот во Кран Монтана во Швајцарија

автор: Т. Ајтовски
10 јануари, 2026 20:18
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
„Два града – иста болка“ – семејствата на загинатите во кочански „Пулс“ оддадоа тивка почит на настраданите во пожарот во Кран Монтана во Швајцарија

Наместо вообичаениот „Марш за ангелите“ Здружението „16 март 2025 – Кочани“ организираше мирен собир на кој им беше оддадена тивка и достоинствена почит на загинатите во пожарот во Кран Монтана, Швајцарија.

На собирот што почна во 16:40 часот во Паркот на Револуцијата во Кочани, беа запалени свеќи во форма на срце, а во тишина беше изразено сочувство и солидарност со семејствата на настраданите во швајцарскиот зимски туристички центар.

-Ве молиме за тишина. Вечерва сме собрани симболично поради 40-те животи што згаснаа во пожарот во Кран-Монтана, Швајцарија. Ова е тивка и достоинствена почит. Ве молиме да останеме во тишина за време на целиот настан, рече Габриела Наунова, чија ќерка Надица настрада во „Пулс“.

Помалата сестра на настраданата Надица, Ангела симболично остави мече на плочникот меѓу запалените свеќи и порача: „Децата не смеат да умираат поради туѓа неодговорност никогаш“.  

Од собирот беше упатено јавно писмо до семејствата на загинатите во угостителскиот објект во Кран Монтана во кое беше изразено сочувство и болка за жртвите.

– Вечерва зборувам од местото каде што мајчиното срце се крши и продолжува да чука само затоа што мора. Зборувам со глас што не е само мој — глас научен во ноќта кога чекањето престана да има смисла, кога надежта застана пред вратата и никогаш не влезе. Знам што значи да чекаш чекор што нема да се врати, да гледаш во вратата и да знаеш дека таа вечер времето се скрши и повеќе не продолжи исто. Знам како тишината тежи повеќе од било кој крик. Како болката не вреска, туку тивко те распарчува ден по ден.Вечерва вашите деца ги спомнуваме без глас. Со пламен што одбива да згасне. Со срца што се скршени, но сè уште умеат да сакаат. Од една мајка до друга — ве држиме за раце. Не за да ве утешиме, зашто утеха нема. Туку за да не бидете сами во болката што нема име. Не сте сами. И никогаш нема да бидете. Од Кочани, град што ги закопа своите соништа заедно со своите деца, ви испраќаме прегратка што не лечи — но сведочи. Нека почиваат во мир. Во светлина. И во љубов што не згаснува, рече Ирена Минова, чија ќерка Драгана е меѓу жртвите во „Пулс“.

Истото писмо беше прочитано и на француски јазик, а потоа кон небото беа пуштени четириесетина бели балони во знак на солидарност. На собирот присуствуваа претставници од швајцарската амбасада во Македонија, како и од Центарот за психосоцијална и кризна акција – Малинска.

Во знак на почит кон жртвите граѓаните кои присуствуваа на мирниот собир запалија свеќи.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: здружение на граѓани „16 март 2025 - кочани“трагедија кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Илијев: Зошто во предизборната кампања никој од кандидатите за градоначалници во општините не зборува за подобрување на противпожарната заштита?
Кочани

Пожарникари од ДПД – Кочани станаа дел од Тимот за брз одговор за пожари на отворено

автор: Т. Ајтовски
22 јануари, 2026 17:12
0

16 членови на Доброволното противпожарно друштво - Кочани станааа дел од Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено што работи во состав на Дирекцијата за заштита...

прочитај повеќе
Семејствата на загинатите во „Пулс“ реагираат против неоправданите судски постапки што се водат против млади лица
Кочани

Семејствата на загинатите во „Пулс“ реагираат против неоправданите судски постапки што се водат против млади лица

автор: Т. Ајтовски
21 јануари, 2026 12:57
0

Здружението „16 март 2025 - Кочани“ упати јавна реакција против постапките што се поведени против деца и млади по трагичниот настан во дискотеката „Пулс“. Во реакцијата се оценува...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 23, 2026 - пет
Кочани, MK
7°C
одвоени облаци
одвоени облаци
1 m/s, ESE
79%
754.56 mmHg
fri01/23 sat01/24 sun01/25 mon01/26 tue01/27
одвоени облаци
7/4°C
облаци
8/4°C
облачно
10/6°C
слаб дожд
9/7°C
облачно
11/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?