Граѓаните посебно родителите на чии децата што си играат во овој парк се загрижени од постапката на несовесните луѓе кои што ги отруле кучињата, бидејќи на тој начин го ставаат во опасност и здравјето на нивните деца. Затоа упатуваат апел и молат повеќе да не се прави вака на кутрите животни, а со тоа да не се загрозува безбедноста на децата кои безгрижно си играат во паркот.
Инаку, ова не е прв случај на затруени кучиња во градот. Неодамна Канал 8 регистрираше и други кучиња скитници кои мртви лежеа на разни делови од градот, а за што реагираше и Здружението за заштита на животните „Втора шанса“ од Кочани.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=YAQkUvCOX18
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.