Во следното, 11. коло кочанската третолигашка екипа повторно ќе гостува во Скопје на средба со тимот на “Спарта“ кој досега немаше ниту една победа и се наоѓа на последното место на табелата.
Освен во третолигашка конкуренција, се одиграа и првите натпревари од вториот дел на првенствата на младинските лиги. Во М14 лигата кошаркарите на “Баскет Дино“ беа поразени на гостувањето во Скопје каде за противници ги имаа своите врсници од “Феникс“. Скопјани беа далеку понадмоќни од нашата екипа, која имаше целосно променет состав на играчите со кои настапи, што е една од причините за поразот од 68:42. Според распоредот на натпреварите, во следното коло младите кошаркари ќе бидат слободни.
Во М12 лигата пак, “Баскет Дино“ како домаќин на натпреварот против “Водњански лисици“ од Скопје постигна победа од 47:44 и останува во борбата за горниот дел на табелата. Во следното коло и тие ќе гостуваат во Скопје против екипата на “Вардар 2“.
T. Ajтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=ZKKQ4C91EoU&feature=youtu.be
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.