Второ место освои ученичката Маре Николова во категорија пинг понг – женски и трето место освои ученикот Иван Стоилов за најдобар постер и ученикот Иван Сандев во категорија нинтервју на англиски јазик. Учениците кои што освоија први места од Факултетот за туризам и менаџмент добија ваучер од по 1.500 евра за студирање на тој факултет, рече Лазар Јанков, ментор.
Професорите и одговорните во училиштето се горди на вакви ученици кои што на државно па и на меѓународно ниво секогаш се враќат со соилидни резултати. Учениците и нивните ментори истакнаа дека наредната година повторно ќе учествуваат на Образовното рандеву МАССУМ.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=lPwiYn7nKno
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.