Две потешки сообраќајни несреќи, во период од неколку часа се случија на експресниот пат на излезот од Кочани. Во првата дошло до судир меѓу две товарни возила во близина на бензинската пумпа „Лукоил“ кај Тркање, а кај втората сообраќајка учествувале автобус и автомобил „голф“ со скопски регистерски ознаки, што се судриле на исклучувањето од експресниот пат кон зоната Лесна индустрија.
Додека траеше увидот сообраќајната полиција привремено го затвори за сообраќај експресниот пат Кочани – Штип, а возилата делумно се пропуштаа по едната коловозна лента.
Според првичните информации и во двете несреќи има повредени лица, а причинета е и материјална штета.
Со тоа продолжува црниот биланс на оваа делница, каде за една ипол година од нејзиното пуштање во употреба се случија поголем број сообраќајни несреќи во кои имаше неколкумина загинати и потешко повредени лица, а предизивикана е и голема материјална штета на возилата.
Главните причини за сообраќајките се непочитувањето на ограничувањето на брзината, неправилното престигнување, како и недозволено вклучување на експресниот пат од спореден патен правец.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.