Четириесетина моторџии од мото-клубовите „Желки“ и „Strong Riders“ од Кочани денеска во Паркот на Револуцијата реализираа заедничка дружба со најмладите. Поделија пакетчиња на нашите најмали сограѓани, воедно и продифилираа низ улиците во Кочани, а беа облечени како Дедо Мраз.
Настанот се спроведе под мотото „Дедо Мраз на мотор“.

-Годинава за првпат во нашиот град мото-клубот „Желки“ и новоформираниот клуб „Strong Riders“ организираме дедомразовско дефиле низ кочанските улици. Се надеваме дека настанот ќе прерасне во традиција и во иднина ја очекуваме поддршката и од Локалната самоуправа на Кочани, истакна Момчило Хаџи Паунов, претседател на кочанскиот мото-клуб „Желки“.

Вчера, ТППЕ во координација со ДПД – Кочани поделија над стотина подароци за најмалите. Двата настана беа во склоп на новогодишната програма што ја организира Локалната самоуправа на Кочани.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.