Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Делот на УЈП во зградата на Воен отсек во Кочани со одлука на Владата е предаден во надлежност на АД за стопанисување со станбен и деловен простор

автор: Т. Ајтовски
3 април, 2025
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Делот на УЈП во зградата на Воен отсек во Кочани со одлука на Владата е предаден во надлежност на АД за стопанисување со станбен и деловен простор

Две децении трае агонијата на зградата на Воен отсек во Кочани, која се наоѓа на атрактивна локација во централното градско подрачје, во близина на крстосницата на улиците „Тодосија Паунов“ и „Никола Карев“.

Објектот што го користеа државни институции, од кои некои се во надлежност на министерствата за финансии и за одбрана, е во континуирано распаѓање. Грдиот надворешен изглед, го дополнува уништената внатрешност со што објектот повеќе наликува на сцена од хорор филм, отколку простор во кој треба да работат државни службеници.

Неколкуте најави и обиди на локалната власт да се најде решение за оваа зграда досега не дадоа видливи резултати. Според објективните околности дел се поради имотно-правни лавиринти меѓу корисниците на просторот, а според мислењата во јавноста веројатно дел се и поради бизнис и други интереси.

На 65. Седница, што се одржа пред два дена, Владата донесе одлука „за престанок на корисничко право на недвижен имот на УЈП и давање на трајно користење, без надоместок, недвижна ствар на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, недвижен имот, деловни простории на улица ,Н. Карев’ запишани на КП 13700, КО Кочани, со имотен лист бр. 12270, сопственост на Република Северна Македонија“.

Уште во средината на 2019 година тогашната локална власт најави дека се водат разговори со АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, откако претходно било договорено со Министерството за одбрана и со Министерството за финансии да го ослободат објектот.

Општина Кочани пред десетина години дури и го измени Деталниот урбанистички план за оваа локација со што овозможи да никне нова, повисока зграда со намена за домување и комерцијална дејност. Со последната одлука на Владата, практично се отвора можност Акционерското друштво да почне постапка за реализација на таквиот план.

Зградата што меѓу граѓаните е позната како Воен отсек е изградена пред околу шест децении и освен една надворешна реконструкција во почетокот на 80-те, досега немало други поправки и градежни интервенции. Во неа Министерството за одбрана поседуваше 573 метри квадратни, а 271 метар квадратен имаше Управата за јавни приходи. Помал дел му припаѓаше на Центарот за управување со кризи, а корисник на простории беше и ОУ „Никола Карев“.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: воен отсекминистерство за финансииопштина кочаниуправа за јавни приходи

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Во Кочани се одржа 5. Регионален саем на винили и носачи на звук, иницијатива за основање Музеј на македонската рок музика  и Национален музички архив
Кочани

Во Кочани се одржа 5. Регионален саем на винили и носачи на звук, иницијатива за основање Музеј на македонската рок музика  и Национален музички архив

автор: Т. Ајтовски
13 јули, 2025
0

По петти пат Кочани беше домаќин на Регионалниот саем на винили и носачи на звук, што се одржува во рамки на празничната програма по повод Петровден – празникот...

прочитај повеќе
Екипата на „Але-дар“ е победник на 23. Петровденски турнир во мал фудбал
Кочани

Екипата на „Але-дар“ е победник на 23. Петровденски турнир во мал фудбал

автор: Администратор
13 јули, 2025
0

Во финалниот натпревар на 23. Петровденски турнир во мал фудбал, што се одигра на спортскиот терен во Бавчалук, „Але-дар“ ја совлада екипата на „Исток турс Цуфле“ со резултат...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јул 13, 2025 - нед
Кочани, MK
30°C
чисто небо
чисто небо
1 m/s, NW
25%
761.31 mmHg
sun07/13 mon07/14 tue07/15 wed07/16 thu07/17
чисто небо
28/27°C
одвоени облаци
37/21°C
неколку облаци
36/23°C
чисто небо
37/23°C
облаци
36/23°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?