– со моето доаѓање за прв човек на Општината една од првите задачи беше прибирање на приходите од даноци и такси. Токму поради тоа предложив на првата седница на Советoт да се намалат даноците и таксите на граѓаните за околу 25%, што беше усвоено едногласно од сите советници;
– на секој седмичен колегиум прва точка беше разгледувањето на приходите со посебен осврт на даноците во кое учествуваа сите членови на поширокиот колегиум;
– посебно се водеше сметка за наплатата на даноците од вработените во Општината и институциите формирани од неа заради тоа што повеќе од половината од вработените со години ги немаа измирувано нивните обврски.
Со тие мерки се постигна резултат сите вработени целосно да си ги измируваат обврските. До 2008 година наплатата на даноците беше под 10% или само 1,5 милион денари, за да во 2016 година се наплатат 14,5 милиони денари, што претставува над 97% од задолженијата, односно облогот и Општина Кочани беше земана како пример за наплата на даноците.
Посебно сакам да се осврнам и на делот на советничкото прашање кое веројатно има произлезено од документ што е испратен од страна на надлежните служби (а веројатно “под рака“ дoставен до советникот), како известие за пријавување имот од информациите од Секторот за урбaнизам за новоевидентирани објекти кај наши сограѓани.
Од истиот може да се забежели дека лицето И.Н. (сега вработен во Општината) е известeно со допис од 25 ноември 2016 година дека има непријавен данок. Дали има даночна пријава, дали има платено за изминатиот период треба да проверите во даночното одделение, од лицето задолжено за односи со јавноста или директно од градоначалникот, стои во писмениот дeмант од ексградоначалникот Ратко Димитровски.
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=CiQ73hL2yCI
{backbutton}
©2023 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.