Жителите на Кочани и на населени места во подножјето на Осоговијата од изутринава повторно уживаат во традиционалната „Депонијада“. Густ чад од комуналната депонија кај селото Бели се прошири по планинските падини, а со помош на ветрот се симна и во градот, па во текот на целиот ден се чувствува одвратна смрдеа на изгорено.
Горењето на отпадоците од органски, но и од друг карактер, го одбележуваат и овој септемвриски викенд, во кој наместо наместо да уживаат на отворено во сончевото време пред почетокот на есента, кочанци се принудени да ги затвораат прозорците и да си седат дома.
Додека се чека реализацијата на тендерската постапка за набавка на морски алги за третирање на депонијата, чиј рок истече на крајот на август, чадот од отпадот повеќепати го загадува воздухот, а белите облаци се забележуваат уште од вклучувањето на експресниот пат кон Кочани кај штипско Три Чешми.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.