Поради сериозен дефект на главна челична водоводна линија f508 на потегот од бунарскиот систем Грдовски Орман кај селото Грдовци до Фабриката за вода во Кочани, денеска околу пладне дојде до прекин во водоснабдувањето во градот.
Без вода останаа крајните корисници од средната и високата зона, а намален притисок во водоводната мрежа имаше и кај дел од корисниците во ниската зона.
Според известувањето од „Водовод“ нивни екипи излегле на терен и со ефикасна интервенција дефектот бил брзо отстранет. Со оглед на потребното време да се наполнат резервоарите за вода неопходно е да помине извесен период. Нормализација на состојбата со водоснабдувањето до крајните корисници во високата и средната зона се очекува да се постигне до 17 часот.

КЈП „Водовод” упатува извинување до граѓаните за потешкотиите со кои се соочија поради прекинот во водоснабдувањето и им благодари на разбирањето.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.