Дечињата , заедно со нивните воспитувачки и негувателки од сите објекти на градинката ,,Павлина Велјанова“ на пригоден начин им го честитаа 8 Март на своите мајки. Организираа свечени приредби во чест на празникот на жената, а најубавата честитка дамите ја добија токму од најмалите и најмилите.

Само една детска насмевка, проследена со песна и игра беше доволна да ги стопли срцата на присутните мајки, тетки, баби и учителки кои дојдоа да ги видат.




©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






