Како дополнување на целата ситуација е нарушената безбедност во сообраќајот, бидејќи често се случува ветерот да одвлече отпадоци на коловозот, па тоа да биде причина за несреќи, посебно во текот на вечерните часови.
Обидите депонијата да се исчисти и отпадоците да се покријат со земја, досега не дадоа големи резултати, затоа што така само се отвораат нови површини за фрлање отпадоци и за краток период сè се враќа по старо. Поради тоа неопходно е локалните инспекциски служби во соработка со републичките да преземат мерки за заштита на локацијата, без разлика дали тоа ќе се прави со почести контроли и казнување на оние што загадуваат или пак со поставување заштитна ограда на двете страни од коловозот.
Во непосредна близина на оваа дива депонија веќе се градат стопански објекти, со што околината почнува да се урбанизира, како што е и предвидено со ГУП на Кочани. Сепак, купот ѓубре се зголемува и ако не се преземат превентивни мерки, состојбата може да излезе надвор од контрола. Недозволиво е на ваков начин да се загадува простор што е блиску до градот, а посебно што во непосредна близина има плодно земјоделско земјиште.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=9x2dje3cfQk&feature=youtu.be
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.