Одговорот стигна од секторот за Локален економски развој, од каде рекоа дека се работи за проект што е реализиран со буџет од 96.500 евра, при што Општина Кочани била носител на проектот, а биле вкучени и ОУ “Раде Кратовче“ , НВО Локална акциона група од Кочани и три партнери од Пазарџик , Република Бугарија.
– Во делот на податокот за информациии кои лица од општинската администрација добиле надоместоци од овој проект, ви даводме одговор дека податоците се доверливи. Во однос на сегашното прашање дали сиоте проекти, сите податоци се класифицирани и доверливи, тоа зависи од самиот донатор и условите пропишани во договорите за грант, рече Елена Димитровкса, раководител ан Секторот за ЛЕР.
Димитровска додаде дека од Националната агенција за европски образовни програми и мобнилност, која е спроведувач на програмата Еразмус плус во Македонија, била направена контрола на реализираниот проект и не биле пронајдени пропусти. Сепак, таквиот одговор, од Алексов, беше оценет како нецелсосен.
– Прашањето беше мошне јасно, кои се тие лица и по кој основ се избрани токму тие за да ги земат средствата. Значи, според она што го прочитавте како заклучок од извршената контрола никаде нема одговор дали тие лица имаат право да земаат средства или немаат право, и сметам дека доколку органите вистински постапат по претставките и сомненијата што се уште ги имаме, ќе треба да се даде одговор кој е начинот да бидат избраби токму тие лица и токму таа вредност да биде поделена со нив. Тоа е едната работа, а втората е што не смееме да се доведеме во ситуација каде поради коруптивни дејства, дали станува збор за врабиотените или надворешни лица, без разлика, да губиме проекти што ќе следуваат во иднина, додаде Алексов.
Комисијата за финансии со три гласа “за“ иеден “воздржан“ ја усвои информацијата за аплицираните и реализирани проекти во текот на минатата година, а истата ќе се најде на разгледување и пред Советот на Општината на седницата што е закажана за в петок.
T. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=FZPhx0yS_c0
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.