Членовите на Доброволното противпожарно друштво – Кочани остварија одличен успех на меѓународно натпреварување што во саботата се одржа во Република Србија.
На противпожарниот натпревар ВИП 2024 во Петроварадин кај Нови Сад, нашето друштво го претставуваа две екипи, од кои едната беше поуспешна.
Во силна конкуренција на 21 екипа од Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија, едната екипа на ДПД Кочани го освои првото место со дури 50 секунди предност пред второпласираната екипа на ДПД Бач, Република Србија.
Како признание за успехот на победниците им припадна пехар и признание, што за кочанските волонтери е историски прв трофеј од меѓународен карактер.
Втората екипа на ДПД – Кочани го освои шестото место, што исто така е добар успех со оглед на конкуренцијата на натпреварот.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.