Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Доброволното противпожарно друштво – Кочани организираше втора донаторска гала вечер

автор: Д. Николов
10 април, 2024 12:40
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Доброволното противпожарно друштво – Кочани организираше втора донаторска гала вечер

Доброволното противпожарно друштво – Кочани синоќа ја одржа хуманитарната Гала вечер, на која беа истакнати досегашните успешно реализирани проекти, но и идните планови на кочанските доброволци.

На настанот присуствуваа претставници од бизнис секторот, од Локалната самоуправа, донатори и граѓани.

Претседателот на ДПД – Кочани, Златко Илијев рече дека минатата година била многу успешна, за што сведочат големиот број интервенции.

-Идејата на Гала вечерта, која е од донаторски карактер, е пред јавноста да го презентираме сè она што досега го сработивме, но и да ги најавиме нашите идни планови, при што од присутните ќе побараме поддршка како и до сега. Донаторската Гала вечер има за цел собирање на финансиски средства за набавка на два АТВ мотори, кои сметаме дека ќе бидат од голема корист за справување со пожари на отворен простори и во шума. Во 2023 година набавивме пратечко возило, автоцистерна, набавка на комби возило за технички интервенции, потоа донација на техничка опрема од Германска амбасада, со која ги збогативме нашите капацитети. Реализиравме и проект „Млади волонтери за сигурна средина за живеење“, со поддршка на УНДП и Општина Кочани, како дел од Reload2 програмата. Преку него обучивме ученици од двете средни училишта за теоретско и практично справување со пожари, истакна Илијев.

На свеченоста беа најавени идните активности што планираат да ги спроведат кочанските доброволни пожарникари.

-Во координација со ТППЕ – Кочани работиме на заедничка програма за имплементација на активност со акцент на младите од основните и средни училишта од општината. Планираме набавка на едно пикап возило, како и реконструкција на општински простор со намена за гаражен простор за потребите на ДПД – Кочани и ТППЕ. Остваривме соработка и со Германската амбасада за почетни активности за изградба на пожарникарски тренинг центар. Веќе отпочнавме и со разговорите со Локалната самоуправа за погодна локација за градба при што ќе следи изработка на проектот и аплицирање до Германската амбасада, а за што се надеваме на позитивен одговор за негова реализација, додаде Илијев.

Првата Гала вечер, Доброволното противпожарно друштво ја реализираше во 2022 година, а по позитивните искуства, ќе продолжи да се органзира и во следните години.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: гала вечердоброволно противпожарно друштво - кочанидпд - кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Во ритамот на креативноста: Се одржа базарот на рачни изработки „Кочани твори“
Кочани

Во ритамот на креативноста: Се одржа базарот на рачни изработки „Кочани твори“

автор: Т. Ајтовски
1 март, 2026 18:02
0

Во организација на здружението „Синтезис“ од Кочани, пред кафе-барот „Какао либре“, денеска се одржа базарот на рачни изработки под насловот „Кочани твори“. Настанот беше несекојдневен и значаен чекор...

прочитај повеќе
Пораки за правда и одговорност за трагедијата во клубот „Пулс“ упатени на 38. „Марш за ангелите“ во Кочани
Кочани

Пораки за правда и одговорност за трагедијата во клубот „Пулс“ упатени на 38. „Марш за ангелите“ во Кочани

автор: Т. Ајтовски
28 февруари, 2026 16:54
0

Во Кочани денеска се одржа 38. „Марш за ангелите“, посветен на жртвите од трагедијата во клубот „Пулс“. Маршот започна од Паркот на револуцијата, по што учесниците поминаа низ...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 5, 2026 - чет
Кочани, MK
12°C
слаб дожд
слаб дожд
2 m/s, N
72%
767.32 mmHg
thu03/05 fri03/06 sat03/07 sun03/08 mon03/09
слаб дожд
13/8°C
чисто небо
14/6°C
чисто небо
13/7°C
одвоени облаци
13/6°C
слаб дожд
12/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?