Дополнителната заменик министерка за финансии Елена Петрова беше во посета на Кочани и Виница, при што оставарила средби со претставници од стопански субјекти и од јавниот сектор. На прес конференција таа истакна дека заложба е да се обезбеди одржлив економски раст, што е визија на економската платформа на ВМРО-ДПМНЕ.
-Нашата заложба е да бидеме во линк и во отворен контакт со бизнис секторот за да можеме да креираме економски, даночни и монетарни политики, како и мерки во јавните финансиии за инвестициски намени, за да се обезбеди поголема поддршка на компаниите. Целта е тие да ја зголемат продуктивноста преку модернизација, техничко-технолошки иновации, енергетска ефикасност и да бидат поконкурентни со извоз на странските пазари за да се обезбеди одржлив економски раст, истакна Петрова.
Според дополнителната заменик министерка за еден ипол месец од оваа година дефицитот во буџетот на државата е зголемен за нови 281 милион евра во споредба со истиот период лани, а сето тоа е на штета на граѓаните.
-Од почетокот на годината до распишувањето на изборите Владата се задолжи со нови 315 милиони евра на домашниот пазар и ова задолжување е поголемо за 840 отсто во однос на истиот период минатата година. Тоа во најголем дел се користеше за финансирање на буџетскиот дефицит што беше генериран во овие месеци. Владата потроши многу повеќе средства отколку што прибра од даноци, придонеси и други буџетски приходи. Со тоа генерираше дефицит од 208 милиони евра, што е двојно повеќе во споредба со истиот минатогодишен период. Тоа значи дека ги испружи нозете подолго од можностите, со тоа создаде многу поголеми трошења и задолжувања на грбот на нашите граѓани, истакна Петрова.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.