Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски ја посети Општина Кочани

автор: Т. Ајтовски
29 февруари, 2024
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски ја посети Општина Кочани

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и админстрација, Стефан Андоновски денеска беше во работна посета на Општина Кочани при што оствари средба со градоначачлникот Љупчо Папазов.

Се разговараше за унапредување на работата на администрацијата, како и за подобрување на  дигитализацијата на услугите што ги дава Локалната самоуправа.

-За нас многу важни се два клучни аспекти, процесот на градење на достоинствена, ефикасна јавна администрација којашто ќе ги ужива сите права на работењето, но и што ќе нуди услуги на граѓаните коишто се брзи и нема да бидат обременети од корупција, непотизам и клиентелизам. Вториот аспект којшто е многу важен е процесот на дигитализација. Го гледаме како лек за корупцијата, поголема ефикасност на услугите, достапност, привлекување на нови странски и домашни инвестиции и за олеснување на процесот за дигитализација. Драго ми е што општина Кочани има одлични идеи и концепти каде треба да се развива процесот на дигитализација на општините. Знаеме дека во последните 6 години тој процес е запрен. Многу малку услуги се дигитализирани, но имаме желба, план и амбиции тоа да го направиме во периодот што следи, соопшти заменик министерот Андоновски.

-Се надеваме дека од она што ќе произлезе од средбата ќе имаме сериозна поддршка во делот на унапредување на работата на општинската администрација и дигитализацијата во функционирањето на службите во состав на општините, истакна градоначалникот Љупчо Папазов.

Дополнителниот заменик министер најави иницијатива за воведување посебни регистарски ознаки за службените државни и општински автомобили.

-Со специјалните регистерски ознаки на државните службени автомобили ќе се спречи злоупотребата за приватни и партиски цели. Во изминатите шест години службени возила често беа видувани како се користат за време на викенди, се патува надвор од државата со нив, а за сето тоа немаше одговорност. За да го спречиме ова, сакаме да воведеме специјална боја на регистарските ознаки на службените автомобили со што точно ќе се знае кој државен автомобил каде се наоѓа во моментот и дали некој го употребува или злоупотребува. Ќе воведеме и специјален регистар на автомобили во државна сопственост со што точно ќе се знае кој автомобил во која институција е распореден. Сметаме дека така ќе се стави крај  на злоупотребата на возилата, истакна Андоновски.

Трошоците за изработка на новите регистарски таблички и за потребната документација би биле на товар на државните органи или институциите кои се сопственици на возилата.

-Планот сè уште не е целосно разработен, но тоа секако нема да биде на товар на граѓаните. Идејата не ни е да создаваме дополнителни обврски за нив или за државните институции, но мора да се заштитиме од злоупотреби, додаде Андоновски.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: министерство за информатичко општество и администрацијаопштина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Почна реконструкцијата на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница – Кочани
Кочани

Почна реконструкцијата на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница – Кочани

автор: Т. Ајтовски
13 јуни, 2025
0

На Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница со проширена дејност во Кочани денеска почнаа градежните работи за реконструкција, со што ќе се обезбедат подобри услови...

прочитај повеќе
Родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ почнаа да даваат искази во Јавното обвинителство во Кочани
Кочани

Обвинителен акт против 34 лица и три правни субјекти поднесе Обвинителството за пожарот во „Пулс“

автор: Администратор
13 јуни, 2025
0

Обвинителскиот тим кој беше ангажиран во истрагата на пожарот во „Пулс“ го анализирал целокупниот прибран доказен материјал и денеска до Основниот суд во Кочани поднесе Обвинителен акт против...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јун 14, 2025 - саб
Кочани, MK
26°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, WSW
36%
765.07 mmHg
sat06/14 sun06/15 mon06/16 tue06/17 wed06/18
чисто небо
26/19°C
чисто небо
26/17°C
чисто небо
28/18°C
чисто небо
29/19°C
чисто небо
28/20°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?