Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Доцни сеидбата на оризот во Чешиново, земјоделците обвинуваат за несолидарност на оризопроизводителите од соседните села

автор: Т. Ајтовски
27 мај, 2023
во Регион
време на читање: 3 мин.
A A
Доцни сеидбата на оризот во Чешиново, земјоделците обвинуваат за несолидарност на оризопроизводителите од соседните села

Сеидбата на оризот на околу 300 хектари во атарот на селото Чешиново сè уште не е почната, иако истекува оптималниот временски рок. Причина за доцнењето е несолидарноста на земјоделците од соседните села кои не ја завршиле подготовката на своите површини, поради што водата од каналите за наводнување не може да се пушти во нивите.

Оризопроизводителите обвинуваат и дека нивните соседи ги кршат бетонските каналети и ги прекопуваат земјените канали од хидросистемот „Брегалница“ за да ја пренасочат водата во своите ниви.

-Имаме проблем што немаме вода да го посееме оризот, иако нивите се подготвени. Неколкумина оризопроизводители сè уште не ги подготвиле своите површини и поради нивните дваесетина хектари ќе останат непосеани уште 300 хектари во нашиот атар. Можеме да пролонгираме неколку денови поради врнежите и лошото време, но веќе доцниме две-три недели. Штетите ќе ги видиме подоцна, за време на жетвата, но ќе бидат големи. Околу 90 отсто од трошоците за производство ги направивме, оптималното време за сеидба одминува и оризот нема да созрее доволно и ќе даде потпросечни приноси, со што нема да се покријат трошоците, истакна Мијалче Кузманов, земјоделец од Чешиново.

-Од водостопанската подружница во Кочани ни рекоа дека водата ќе ја пуштат на 8 мај, но до денес нашите ниви се суви. Вегетацијата на оризот е околу 130 дена, а ние веќе три недели доцниме со сеидбата, иако земјата е подготвена. Направивме трошоци за подготовка, а ако не дојде водата за два-три дена ќе треба повторно да ги преработуваме нивите, истакна Мики Ѓоргиев, земјоделец од Чешиново.

Земјоделците од Чешиново бараат водостопанската подружнца „Брегалница“ од Кочани да воспостави ред во наводнувањето и да не дозволува своеволие на поединци.

-Многу сме оштетени, ќе нема што да жнееме оваа есен. Порано имаше лица од Водостопанството кои водеа сметка за полнењето на нивите, а сега нема никој. Оризопроизводителите се најредовни во подмирувањето на обврските и целосно го плаќаат водниот надоместок, но парите одат во централата во Скопје и се градат канали во други делови од државата, а кај нас ни земјените вади не се исчистени, истакна Сане Јованов, земјоделец од Чешиново.

Раководителот на водостопанската подружница од Кочани, Благојчо Богатинов се сретна со земјоделците од Чешиново и истакна дека дел од нивните забелешки се оправдани, а причините за тоа се повеќегодишни.

-Проблемот може да се реши единствено со изградба на посебен цевковод за нивите во атарите на Чешиново и Чифлик, со што тие нема да чекаат на земјоделците од соседните села. Ние веќе размислуваме и работиме на тој проект, со што трајно ќе се реши проблемот што не е од вчера. Во меѓувреме, формиравме координативно тело со по двајца претставници од четирите села во овој регион и се договоривме водата да биде пуштена на 20 мај, а ние тоа го спроведовме. Точно е дека има и поединци кои не се ажурни во подготовката на нивите, но водата е веќе овде, а во понеделник оризопроизодителите ќе имаат на располагање околу еден кубен метар вода во секунда, истакна Богатинов.

Според планот за наводнување, годинава во кочанскиот регион со ориз треба да се засеат близу 4.000 хектари, но поради неповолните временски услови и доцнењето во подготовката на нивите во одделни селски атари, можно е да дојде до потфрлање во планираните површини.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: оризчешиново-облешево

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Фондацијата Прогресив Академија од Виница беше домаќин на првата Лидерска конференција за пристап до финансии за мали и средни претпријатија
Регион

Фондацијата Прогресив Академија од Виница беше домаќин на првата Лидерска конференција за пристап до финансии за мали и средни претпријатија

автор: Т. Ајтовски
15 мај, 2025
0

Фондацијата Прогресив Академија, како дел од компанијата „Макпрогрес – Винчини“, беше организатор на првата Лидерска конференција на тема „Пристап до финансии за мали и средни претпријатија“ што денеска...

прочитај повеќе
Граѓанска активност за чистење на јавните површини во рамки на кампањата Генералка викенд се спроведе во општините од регионот
Регион

Граѓанска активност за чистење на јавните површини во рамки на кампањата Генералка викенд се спроведе во општините од регионот

автор: Администратор
9 мај, 2025
0

Околу 200 учесници од различни возрасти, професии, институции и граѓански здруженија се вклучија во најголемата национална акција за чистење и селектирање отпад – Генералка викенд во Кочани. Годинава...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мај 18, 2025 - нед
Кочани, MK
12°C
чисто небо
чисто небо
1 m/s, NE
75%
765.82 mmHg
mon05/19 tue05/20 wed05/21 thu05/22 fri05/23
чисто небо
22/12°C
чисто небо
22/11°C
облачно
23/14°C
неколку облаци
22/14°C
одвоени облаци
24/15°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?