Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

До крајот на годината треба да заврши изградбата на станицата за пречистување кај Мојанци

автор: Т. Ајтовски
26 септември, 2018 06:51
во Кочани
време на читање: 1 мин.
A A
До крајот на годината треба да заврши изградбата на станицата за пречистување кај Мојанци

Изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Кочани се реализира според планираната динамика и сите оперативни објекти се во завршна фаза.

Градилиштето кај кочанското село Мојанци, каде што е лоциран комплексот за пречистување, денеска го посети амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Тејада при што на работна средба со тимот швајцарски и локални експерти и претставници на градежните компании беа претставени тековните активности.

На средбата присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, при што гостите го пренесоа задоволството од тоа како се одвиваат градежните работи.

– Мене ми е драго што сум денеска повторно во Кочани, последната посета беше пред шест месеци. Ме радува што гледам гледам очигледен прогрес на градежните работи на пречистителната станица за отпадни води. Очекуваме градежните работи да завршат до крајот на оваа година, а пуштањето во оперативност, односно во работа да биде во средината на идната година, рече Сибил Сутер Тејада, амбасадорка на Швајцарија.

Паралелно со изградбата на пречистителната станица, во завршна фаза е и примарниот фекален колектор со должина од 12 километри што ќе ја поврзува постојната канализациска мрежа во Кочани и приградската населба Оризари, како и во селата Горни Подлог и Мојанци.

Со реализацијата на проектот дополнителен бенефит ќе има и за комуналното претпријатие „Водовод“ од Кочани, кое ќе стопанисува со станицата за пречистување на отпадни води.

– Задоволни сме од она што го гледаме, задоволни сме од соработката со Министерството за животна средина и просторно планирање и секако од соработката со Општина Кочани. Покрај градежните работи што тука се одвиваат и би требало да бидат завршени до крајот на оваа година, а да се пушти пречистелната станица во работа идното лето, ние работиме на зајакнување на капацитетите на КЈП “Водовод“ за да го зголемиме нивното знаење и да ги подобриме работните практики, за да можат да пружат подобри услуги за своите граѓани, односно услуги со добар квалитет, рече Франсоа Саломе, претставничка на Швајцарскиот секретаријат за економски прашања – СЕКО.

Со Пречистителната станица ќе бидат третирани отпадните води од градот Кочани и од околните рамничарски села, со капацитет од 58 илјади еквивалент жители.

Проектот е со вкупна вредност од 23 милиони швајцарски франци, од кои наjголемиот дел е на Швајцарската агенција за развој и соработка, а 2 милиони евра се од буџетот на Република Македонија.

Т. Ајтовски

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: кјп „водовод“мојанциотпадна водапречистителна станица

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

36. „Марш за ангелите“ во Кочани: „ОЈО ГОК со месеци одолговлекува со постапката, бараме рок, одлука и одговорност“
Кочани

36. „Марш за ангелите“ во Кочани: „ОЈО ГОК со месеци одолговлекува со постапката, бараме рок, одлука и одговорност“

автор: Т. Ајтовски
24 јануари, 2026 16:12
0

Здружението „16 март 2025 Кочани“ го организираше 36. „Марш за ангелите“ со кој освен барањето правда за загинатите во трагедијата во „Пулс“, им беше дадена поддршка на младите...

прочитај повеќе
Едукативна работилница поради порастот на интернет и телефонските измами врз повозрасните граѓани организираше Здружението на пензионери – Кочани
Кочани

Едукативна работилница поради порастот на интернет и телефонските измами врз повозрасните граѓани организираше Здружението на пензионери – Кочани

автор: Т. Ајтовски
23 јануари, 2026 19:13
0

Зголемен број телефонски и интернет измами  заради остварување незаконска финансиска добивка или друг вид корист од повозрасните граѓани регистрираат надлежните полициски служби. Тоа беше повод Здружението на пензионери...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 24, 2026 - саб
Кочани, MK
7°C
облачно
облачно
2 m/s, E
93%
761.31 mmHg
sun01/25 mon01/26 tue01/27 wed01/28 thu01/29
облачно
11/7°C
слаб дожд
11/7°C
облачно
10/5°C
облаци
10/5°C
облаци
11/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?