Општина Зрновци упати апел за пријавување евентуална штета од минатонеделното невреме. Жителите коишто имаат оштетување на имотот можат да пријават најдоцна до 7 август.
Образецот за пријавување може да се најде на веб страницата на Oпштината и треба да се достави до Комисија за проценка на штета од елементарна непогода .
Кон пријавата треба да приложат и копии од лична карата, трансакциска сметка, од договорот за закуп како и фотокопија од имотен лист, но и фотографии од материјалната штета.
Територијата на општина Зрновци во неделата беше зафатена од краткотрајно невреме, проследено со врнежи од дожд и град, што остави видливи последици главно на земјоделските култури.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.