Доброволното противпожарно друштво – Кочани го проширува своето членство и ги отвора вратите за оние кои сакат да пристапат.
Во следните десет дена, односно до понеделник, 30. јуни трае огласот за прием на нов членови.
На огласот може да се пријави секој, лично, со физичко присуство во просториите на ДПД – Кочани секој ден, во периодот од 16 до 18 часот.
Секој заинтересиран да се пријави на огласот, при доаѓањето во ДПД – Кочани, е потребно да понесе кратка биографија во пишана формa.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.