Учениците од гимназијата „Љупчо Сантов“ беа поуспешни од противничкиот тим на СОУ „Гошо Викентиев“ на противпожарните игри, што беа во организација на Доброволното противпожарно друштво од Кочани.
Натпреварите се спроведоа во рамки на проектот „Млади волонтери за сигурна средина за живеење“. Учениците се натпреваруваа во противпожарни игри, решаваа тестови, а истите се спроведоа на спортското игралиште при ОУ „Св. Кирил и Методиј“.
-Во рамки на нашиот проект, спроведовме натпревар Млади пожарникари, а силите ги одмерија учениците од двете средни училишта од Кочани. Имаме предвидено две теоретски вежби, односно прашалници од областа на противпожарната заштита и прва помош, како и практични вежби, кои веќе ги поминавме со учениците. Во проектот вклучени се сите ученици од прва до четврта година, кои појавиа интерес на првиот јавен повик, истка Златко Илијев, претседател на ДПД – Кочани.
Проектот „Млади волонтери за сигурна средина за живеење” се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен балкан-ReLoAd2 која е финансирана од Европската унија ,а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот е кофинсиран и од Општина Кочани.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.