Кадровски промени се направени на раководната позиција во Општата болница со проширена дејност во Кочани, при што на местото в.д. директор е назначена д-р Душанка Горгиева – Трпевски, магистер по здравствен менаџмент и доктор специјалист по детска и превентивна стоматологија.
Решението за назначување на новата раководителка на јавната здравствена установа го потпиша министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, со што од денеска тоа влегува во сила.
Горгиева – Трпевски има скоро 17-годишно работно искуство, од што 12 години како регионален менаџер во приватна компанија од областа на здравството, а од 2017 година е во редовен работен однос на Одделението за детска и превентивна стоматологија во Општата болница во Кочани.
Таа е и член на актуелниот состав на Советот на Општина Кочани и претседателка на општинскиот Форум на жени на СДСМ – Кочани.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.