– Ова е моја прва посета на опшрина Кочани и се разбира дека и по состанокот можам да кажам дека имам многу добри импресии, од состанокот со градоначалникот на Општина Кочани и го ценам и почитувам пристапот што градоначалникот го има, а тоа е ориентираност кон реализација на проекти во вашата општина, проекти што ќе дадат опипливи резултати. Се разбира дека во реализација на тие проекти градоначалникот ја има сета наша поддршка, ние разговаравме за неколку проекти што се реализирани досега со поддршка на Европската Унија, но на овој состанок гледаме кон напред, се со цел да видиме кои се потребите на вашата општина за реализаицја на проекти кои што би ја имале поддршката на Европската Унија, рече Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ во Македонија.
На состанокот во Општината, градоначалникот Илијев претстави дел од досегашните проекти во кои биле искористени средства од европските фондови, изразувајќи надеж дека соработката ќе продолжи и во наредниот период.
– Тој изрази желба во рамки на нивните можности, таму каде што ЕУ има можности да поддржува проекти, да ги погледнат можните начини за евентуална соработка и помош и во тој дел. Јас го информирав господинот Жбогар за активностите, односно проектите што досега ги има Општина Кочани реализирано со поддршка од ЕУ, навистина на број тоа не се многу, но тие се значајни, многу интересни и многу важни, и дека ние и понатаму продолжуваме да конкурираме на секој повик каде што се објавуваат повици за инфраструктурни или други такви проекти и ја очекуваме и понатамошната соработка и неопходна поддршка од ЕУ, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Евроамбасадорот Жбогар ја искористи можноста на граѓаните на општина Кочани и регионот да им го честита 9 Мај – Денот на Европа, заблагодарувајќи се за ангажманот на сите што се вклучиле во свеченоста за негово одбележување.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=i0iVlU0aDLk
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.