Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Едногласна поддршка во Советот за финансиска помош на учениците од тимот по роботика

автор: Т. Ајтовски
13 април, 2018
во Некатегоризирано
време на читање: 1 мин.
A A

– Општината стоеше целосно на располагање на овие деца да го остварат својот сон, да отпатуваат во Америка. Значи, целосно како институција се вклучивме и јас лично, во барањето, бидејќи периодот беше многу краток и успеавме за толку краток период да им обезбедиме визи. И не самот тоа, дел од стручните луѓе, моите соработници интервенираа во Владата од каде што обезбедивме и пари за билетите, значи билетите се комплетно покриени од страна на Владата и благодарение на добрата комуникација со дел од вработените во Локалната самоуправа целокупниот престој во Детроит го обезбедивме ние, со автобус, превоз, се што им треба да биде покриено. Овие средства за кои разговараме, дел од средствата што се пренаменуваат за “Гошо Викентиев“, се средства обезбедени од донации кои ги имаат тие обезбедено, а ние сакаме да им помогнеме и дел од средствата што беа наменети за стипендии останаа неискористени благодарение на тоа што дел од напите студенти добија други стипендии од Републиката, кои беа повисоки, републички. Остана неискористени и ние ги пренаменивме  и со овие средтва, јас ве уверувам дека тие знаат и се должни да ни дадат комплетен отчет. Значи, за средствата, дали се од донации, дали се распределени од страна на Локалната самоуправа, на крајот ќе добиеме извештај и ве уверувам дека ова е еден многу убав момент, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

На седницата беше истакнато дека во обезбедувањето поддршка, не само за учеството на натпреварот во Америка, туку и воопшто за досегашното работење и успесите на учениците помош обезбедувале и други институции.

– Кабинетот по роботика е обезбеден целосно од страна на Ротари клубот Кочани – Виница. Поддршката е присутна секогаш од страна на Ротари клубот и ние секогаш ќе ги следиме. Во тек сме, и како ротари клуб дадовме иницијатива, заедно со кабинетот по роботика и нивните професори, за формирање лига во рамки на Македонија, рече Благој Ситновски, член на Советот на Општина Кочани.

– Благодарение на сите овие луѓе кои се вклучени, и од ротари клубот, и од Општината и ние како советници, горди сме сите како граѓани на општина Кочани што имаме прилика, нашите деца, од оваа општина да учествуваат таму каде што учествуваа, Белград, Љубљана, а еве сега и во Америка. И јас ќе бидам среќен, верувам и сите ние како граѓани, можеби ќе се појави иницијатива од тука како дел од информатиката да постои предмет роботика, затоа што и на светско ниво, ова е нешто што е за поздравување. Значи, гордост е за сите нас и уште еднаш, еве, да не должиме, да ја завршиме оваа седница и од наша страна изразувам благодарност до сите, пред се до децата кои што учествуваа, и да им посакаме среќа и таму да направат голем успех, рече Лазо Митев, член на Советот на Општина Кочани.

– Чувствувам една мала потреба, не да го демантирам колегата Ситновски, туку да го надополнам дека не е само ротари клубот кој обезбеди средства за децата, има и неколку други приватни стопанственици кои донираат значителна сума од кои еден е и мој близок роднина, лично сум информиран, така што нема потреба целосно заслугите да одат на Ртоари клубот, рече Венко Крстевски, член на Советот на Општина Кочани.

– Изгледа не се разбираме доволно или не сум разбран доволно. Јас не велам дека други немаат помогнато во активностите на кабинетот, меѓутоа отпосле, откако се формира кабинетот. Јас ве уверувам дека целокупните средства за кабинетот по роботика се од ротари клубот, а потоа се друго натаму што следува има и други вклучени во таа активност, рече Благој Ситновски, член на Советот на Општина Кочани.

По краткото дообјаснување, советниците преминаа на гласање за предлог одлуката и со 19 гласа “за“ беше дадена согласност од општинскиот буџет да се префрлат пари на СОУ “Гошо Викентиев“, а што би се пренамениле за потребите на тимот ученици кои ќе учествуваат на меѓународниот натпревар по роботика во САД.

Т. Ајтовски

 

{fshare}

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

https://www.youtube.com/watch?v=NiFO0zQX5qQ

{backbutton}

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Крстевски: Одредени директори на училишта вршеле злоупотреба на критериумот за распределба со тоа што вештачки ги пумпале фиксните трошоци
Политика

В.д. градоначалникот Крстевски ја најави својата кандидатура за истата функција на претстојните локални избори

автор: Т. Ајтовски
14 јуни, 2025
0

В.д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски прв ја најави својата кандидатура за истата функција на локалните избори што ќе се одржат во октомври годинава. Во гостувањето на...

прочитај повеќе
Почна реконструкцијата на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница – Кочани
Кочани

Почна реконструкцијата на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница – Кочани

автор: Т. Ајтовски
13 јуни, 2025
0

На Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница со проширена дејност во Кочани денеска почнаа градежните работи за реконструкција, со што ќе се обезбедат подобри услови...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јун 14, 2025 - саб
Кочани, MK
24°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, SW
42%
765.82 mmHg
sat06/14 sun06/15 mon06/16 tue06/17 wed06/18
чисто небо
26/19°C
чисто небо
26/17°C
чисто небо
28/18°C
чисто небо
29/19°C
чисто небо
28/20°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?