Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Едночасовна блокада на кружниот тек кај двојниот мост во Кочани организираа родителите на загинатите во „Пулс“: Со одолговлекувањето на процесот повторно ги убиваат нашите деца

автор: Т. Ајтовски
12 октомври, 2025 16:20
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Едночасовна блокада на кружниот тек кај двојниот мост во Кочани организираа родителите на загинатите во „Пулс“: Со одолговлекувањето на процесот повторно ги убиваат нашите деца

Родителите на загинатите деца во пожарот во „Пулс“ денеска ја одржаа првата од најавените секојдневни едночасовни блокади на кружниот тек кај двојниот мост во Кочани, во знак на револт поради одолговлекувањето на почетокот на судскиот процес за обвинетите во трагедијата.

Во периодот од 15:15 до 16:15 часот, родителите не дозволија одвивање на сообраќајот на оваа крстосница, а блокадата ја обезбедуваа полициски службеници.

-Немаме  никакво соопштение од Кривичниот суд во Скопје, никаква дата, никакво објаснување кога ќе почнат рочиштата и затоа се решивме на овој чекор. Ако не успееме нешто со овие блокади, овде во Кочани, за да добиеме некое термин за рочиштата, блокадите ќе ги продолжиме во Скопје пред Кривичниот суд со порадикални мерки. Ќе се договориме колку време, колку дена ќе траат овде блокадите, за тоа ќе направиме состанок меѓу нас родителите, истакна Светлана Стојанова, чиј син Андреј загина во „Пулс“.

Родителите повторно ги повикаа адвокатите на обвинетите во случајот да не зборуваат во јавноста колкав период ќе трае судењето, што тие го сфаќаат како најава дека не треба да ја очекуваат правдата за своите деца.

-Малку да имаат чувство кон нас родителите, бидејќи излегуваат во медиумите и кажуваат предвреме колку ќе трае ова судење. Малку нека се замислат дека за  нас тоа е убиство и да не ни создаваат поголем револт и поголеми стресови. Треба прво да размислат пред нешто да кажат. Апел и до судиите, до Кривичниот суд побрзо да си ја завршат својата работа и да го закажат рочиштето, бидејќи нашето трпение е веќе при крај. Сѐ потешко и потешко ни е секој ден, сѐ повеќе стресови и виктимизација на жртвите. Нашите деца ги убиваат повторно и повторно со тие нивни изјави на обвинети, и на крајот ќе испадне дека ние родителите и нашите деца виновни, додаде Стојанова.

Првиот ден од блокадата на крстосницата на една од главните улици во Кочани помина без инциденти, а сообраќајната полиција ги пренасочуваше возилата по другите сообраќајници во градот.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: блокададискотека „пулс“трагедија кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби интервентно возило како донација од Германија
Кочани

Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби интервентно возило како донација од Германија

автор: Администратор
5 февруари, 2026 10:34
0

Доброволното противпожарно друштво - Кочани го прошири возниот парк со уште едно возило, што доцна синоќа пристигна од Унтершлајсхајм, Германија и претставува целосна донација од волонтерите пожарникари од...

прочитај повеќе
„Водовод“ бара согласност за поскапување на геотермалната вода за 3,4%
Кочани

Покачена цената на геотермалната вода од системот „Геотерма“

автор: Т. Ајтовски
31 јануари, 2026 13:15
0

Нова, повисока цена доби геотермалната вода од системот „Геотерма“ на кочански „Водовод“, со што наместо досегашните 61,90 денари за еден метар кубен, корисниците во иднина ќе плаќаат по...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
фев 6, 2026 - пет
Кочани, MK
8°C
облачно
облачно
1 m/s, ENE
93%
750.81 mmHg
sat02/07 sun02/08 mon02/09 tue02/10 wed02/11
облачно
13/8°C
слаб дожд
9/7°C
слаб дожд
9/6°C
облачно
6/5°C
облачно
7/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?