-Ние решивме на еден начин да вршиме едукација на лицата со дијабетес. Работиме плански со поддршка на Клиниката за ендокринологија и ги советуваме за консумација на исхрана кај лицата со дијабетес и важноста за броењето на јаглехидратите за добра контрола на шеќерот, рече Наташа Деспотовска – Димитриевска, претседател на Асоцијација за детски дијабет на Македонија.
Инаку, Сојузот на здруженијата на дијабетичари на Македонија, заедно со Сојузот на здруженија на други болест мака мачеа да издејствуват измени во Законот за паралелен увоз на лекови и медицински помагала со кој што треба да се направи подобра регулатива за увоз на лекови и кој ќе гарантира за квалитетот на инсулините и на останатите лекови кои што влегуваат во државата. –
-Дијабетичарите и здруженијата посветија внимание и на други барања приоритетни за лицата со дијабет, рече Бојан Киров, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија.
Инаку, бројката на дијабетичари постојано е во пораст. Во Кочани достигна до 2.000 дијабетичари, а на инсулин се околу 700 лица. За жал се намалува и старосната граница на лица со дијабетес, а се поголем број деца се на инсулинска терапија и со покачен шеќер во крвта.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=uicvj9DCezo
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.