Во финалниот натпревар на 23. Петровденски турнир во мал фудбал, што се одигра на спортскиот терен во Бавчалук, „Але-дар“ ја совлада екипата на „Исток турс Цуфле“ со резултат 7 : 3.
Третото место на турнирот го освои тимот на „Денка транспорт“. Општина Кочани го обезбеди наградниот фонд, при што најуспешните екипи добија ваучери од 60, 30 и 15 илјади денари.

За најдобар играч на турнирот беше прогласен Димче Андов, најдобар стрелец годинава е Иса Дурмишов, најдобар голман Марјан Трпков, а најдобар млад играч Славче Живков.

– Им честитам на победниците и им благодарам на публиката и на сите учесници на овој турнир. Годинава имавме рекорден број пријавени екипи, што е мотив догодина турнирот да биде уште помасовен и поорганизиран , истакна в. д. градоначалникот Венко Крстевски при доделувањето на наградите.

Крстевски им врачи благодарници на Љупчо Симовски и Зоран Ѓорѓиев коишто го организираа 23. Петровденски турнир во мал фудбал.


©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






