Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска го спроведе Општинскиот натпревар на екипите по прва помош за 2025 година.
На натпреварот што се одржа во Паркот на Револуцијата, настапија 10 екипи во категориите младинци и подмладок од основните и средни училишта и во категоријата дисеминација.
Натпреварувачите се натпреваруваа на кружна патека, на пунктови за укажување на прва помош на симулирани случаи на повреди, пункт за дисеминација и пунктови со забавни содржини.

Првото место во категоријата младина ѝ припадна на екипата од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, додека во категоријата подмладок првото место ѝ припадна на екипата од ООУ „Кирил и Методиј“- Кочани.
Најдобро познавање на организацијата на Црвен крст и нејзиното работење прикажа екипата од СОУ „Синиша Стоилов“ кои го освоија првото место во категоријата дисеминација.

Победничката екипа од категоријата младина, екипата на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани ќе ја претставува Општинската организација на Црвен крст – Кочани на Регионалниот натпревар на екипи по прва помош во месец мај во Гевгелија.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.