Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

„Еко Тим Исток“ ги претстави резултатите од проектот „Запознај ги убавините на општина Кочани“

автор: Т. Ајтовски
1 јули, 2024
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
„Еко Тим Исток“ ги претстави резултатите од проектот „Запознај ги убавините на општина Кочани“

Здружението „Еко Тим Исток“ организираше завршна презентација на која ги претстави активностите од проектот „Запознај ги убавините на општина Кочани“ што се реализираше во изминатите 12 месеци, а чија цел беше преку креирање разновидна туристичка понуда да се промовираат културно-историското наследство, природните убавини и гастрономијата на општината.

Целна група на проектот беа дваесетина жители на општината, од кои 14 ќе бидат идни промотори на туризмот, како и креатори и реализатори на конкретни туристички тури.

-Кога пред една година го почнавме проектот, ние како Здружение не ни бевме свесни со што сè од богатство од знаменитости, културно-историски и верски објекти, како и културни манифестации располага општина Кочани. Меѓутоа, на наше огромно задоволство, на повикот за вклучување лица кои ќе бидат промотори на туризмот во општината се пријавија луѓе коишто практично се жива енциклопедија и познавачи на секое парче земја во општината. Нивното знаење, заедно со нашето искуство во делот на промоција на туризмот, креирање и реализирање на туристички понуди, се одлична основа за идно развивање и промовирање на културно-историскиот, верскиот туризам и гастрономијата во општина Кочани. Иако во моментот имаме направено само неколку туристички понуди, тимот располага со капацитет за креирање и реализирање на огромен број понуди наменети за различни категории луѓе, различни возрасни групи, како и различна физичка подготвеност, истакна Ирена Мирчовска, координаторка на проектот.

На презентацијата беше нагласено дека со проектот се идентификувани и развиени 30 локални туристички можности, зголемена е видливоста на потенцијалите за културно-историски и верски, како и гастрономските капацитети преку креирање онлајн промотивен електронски каталог, а исчистени и доуредени се три туристички локалитети во општината.

Се очекува по завршувањето на пректот да се привлечат и туристи од странство.

-Ми беше огромно задоволство да бидам дел од овој проект. Тоа беше едно прекрасно дружење со многу интересни луѓе коишто имаат огромно знаење за Кочани и околината. Јас после 33 години живеење во странство, бев овде оваа година, и за среќа бев дел од овој проект и мислам дека потенцијалот на општината и на Осоговските Планини за туризам е огромен. Многу сум среќна што организираме нешто за да привлечеме, се надевам, и туристи од странство. Мислам дека во Лондон има интерес за ваков неоткриен дел на
Европа и мислам дека откако го направивме проектот ќе биде привлечно како понуда и во странствп, истакна Марија Едровска, учесничка во проектот и промоторка на туризмот.

Проектот „Запознај ги убавините на општина Кочани“ се реализирше во партнерство со Здружението на бизнис жени од Скопје, а во рамки на „Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 – ReLOaD2“, финансиран од ЕУ и кофинансиран од Општина Кочани, а спроеведуван од Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: граѓански активизамеко тим истокпромоција

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“
Кочани

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“

автор: Т. Ајтовски
9 декември, 2025
0

Кон реализација на кампањата „16 денови активизам против родово базирано и семејно насилство“ со своја програма се приклучи и ЈОУБ „Искра“ од Кочани. Во тие рамки беше промовирана...

прочитај повеќе
Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани
Кочани

Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани

автор: Администратор
7 декември, 2025
0

Родителите на загинатите деца во трагедијата во „Пулс“ испратија писмено соопштение до јавноста во кое демантираат дека се спротивставиле на новогодишното украсување на градот. „Во последните денови во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
дек 10, 2025 - сре
Кочани, MK
3°C
облачно
облачно
1 m/s, NNE
81%
767.32 mmHg
wed12/10 thu12/11 fri12/12 sat12/13 sun12/14
облачно
10/9°C
неколку облаци
13/8°C
чисто небо
12/7°C
чисто небо
11/6°C
чисто небо
11/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?