Освен овде, органските земјоделски производи на 20 компании од Македонија, меѓу кои и оние на “Екстра фунги“ се дел од најголемиот саем за органски производи Biofach што до 17 февруари се одржува во градот Нирнберг во Германија. Со поддрршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство втора година по ред нашите производители на сопствен штанд ги претставуваат своите за органски производи.
Според Сашко Антовски, директор на “Екстра фунги“, можноста да се биде дел од најголемиот саем за органска храна овозможува да се остварат директни средби со потенцијални купувачи, но и да се следат трендовите и новините во органскиот сектор. Минатата година биле остварени контакти со десетина заинтересирани купувачи па компанијата започнала извоз во Италија.
На овогодинешното издание на Biofach се претставуваат 2,950 меѓународни изложувачи, а се очекува да присуствуваат над 50,000 трговци со органски производи и опрема за органско производство.
За подобра промоција на македонските органски производители, министерството со помош на швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост- ИМЕ изработи промотивен каталог на органски производи на кој покрај компаниите кои се изложувачи, се претставени и компании и производители кои не беа во можност да присуствуваат на овој саем.
Инаку, “Екстра фунги“ е фрима основана во 1988 година и на почетокот се занимавала со откуп на шумски плодови, а пред десетина години беше изграден нов објект со ладилник и преработка на производите. Оттогаш компанијата бележи постојан раст и проширување на производството со воведување нови производи во областа на органската исхрама.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=JcroW1Hw1qQ
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.