Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

ЕУ бара изградбата на меѓурегионалната депонија кај Мечкуевци да се комплетира во рок од три години

автор: Т. Ајтовски
27 октомври, 2023
во Кочани, Регион
време на читање: 3 мин.
A A
ЕУ бара изградбата на меѓурегионалната депонија кај Мечкуевци да се комплетира во рок од три години

Изградбата меѓурегионалната депонија, односно на Центарот за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион треба да заврши за околу три години, со што ќе се стави во функција системот за собирање, транспорт и третман на отпадот од 18 општини.  

На регионалната средба што денеска во Кочани ја организираше Здружението на даватели на комунални услуги АДКОМ, а на која присуствуваа претставници од комуналните претпријатија и градоначалници од Источниот регион, беше нагласено дека треба да се интензивираат активностите во рамки на проектот  „Со подигнување на јавната свест до одржливи комунални услуги“.

На државно ниво двата региона беа најнапред во реализацијата на меѓурегионалниот Центар за управување и третман на отпадот на локација кај светиниколското село Мечкуевци и беа набавени садови за собирање и возила за транспорт на отпадот. Неколку години активностите стагнираа, но од неодамна има раздвижување и поставен е в.д. директор на меѓурегионалното претпријатие кое ќе го води процесот на изградба на Центарот.

-Вчера стручните служби од Општина Кочани беа на состанок во Министерството за финансии каде од канцеларијата на ЕУ беа добиени информации дека целиот процес треба да биде затворен до почетокот на 2027 година. Тоа значи дека во наредниот период треба да се направи брза реализација на регионалната депонија и на претоварните станици за отпад од соседните општини. Во фаза на затворање се помалите депонии што гравитираат околу Кочани, а тоа е скоро завршено со депониите во соседните општини Зрновци и Чешиново-Облешево. Сметам дека сме на добар пат, а на сето ова му треба динамика и „ветер во грб“ за побрзо да оди реализацијата и да се дојде до конечната фаза во која отпадот ќе се носи во регионалниот Центар за управување со отпад, истакна градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов.

Во тек е постапката за изработка на соодветна техничка документација за затворање на постојните депониите, што како процес го раководи Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со општинските служби за урбанизам и заштита на животната средина.

Според последните податоци со кои располага комуналното претпријатие „Водовод“ од Кочани, службите за одржување на хигиената годишно собираат и транспортираат по околу 60 илјади кубни метри комунален отпад, што сега завршува на постојната општинска депонија кај селото Бели.

Активностите за меѓурегионалниот Центар за управување и третман на отпадот се инвестиција вредна 40 милиони евра што се реализира со средства од фондовите на ЕУ.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: регионална депонија за отпад

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“
Кочани

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“

автор: Т. Ајтовски
9 декември, 2025
0

Кон реализација на кампањата „16 денови активизам против родово базирано и семејно насилство“ со своја програма се приклучи и ЈОУБ „Искра“ од Кочани. Во тие рамки беше промовирана...

прочитај повеќе
Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани
Кочани

Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани

автор: Администратор
7 декември, 2025
0

Родителите на загинатите деца во трагедијата во „Пулс“ испратија писмено соопштение до јавноста во кое демантираат дека се спротивставиле на новогодишното украсување на градот. „Во последните денови во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
дек 10, 2025 - сре
Кочани, MK
5°C
одвоени облаци
одвоени облаци
1 m/s, NNE
81%
768.82 mmHg
wed12/10 thu12/11 fri12/12 sat12/13 sun12/14
облаци
12/5°C
неколку облаци
13/8°C
чисто небо
12/7°C
чисто небо
11/6°C
чисто небо
11/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?