Некогашниот првотимец на скопски “Вардар“, Жанко Савов е новиот тренер на “Осогово“. Управниот одбор на кочанската фудбалска екипа веќе го договорил неговото доаѓање на оваа позиција, за што објави и официјално известување на веб страницата на клубот.
Савов е познато име во фудбалот, особено во прволигашкиот и со екипата на “Вардар“ трипати ја има освојувано и шампоионската титула во Првата фудбалска лига. Со истиот клуб двапати а со “Цементартница“ еднаш е освојувач и на Купот на Макеоднија. Освен тоа, за него стои дека зад себе има завидна интернационална кариера како фудбалер, но и прилично добра биографија како тренер.
Покрај настапите за “Вардар“ и “Цементарница“, како фудбалер ги бранел боите и на “Беласица“ и “Пелистер“, а на меѓународна сцена настапувал во Јужна Кореја, како и во соседна Србија за екипата на “Раднички“ од Ниш.
Како тренер работел со екипите на “Цементарница“, “Маџари Солидарност“, “Борец“, “Тетекс“, “Македонија Ѓорче Петров“. На почетокот од претходната сезона беше тренер на “Победа“ од Валандово, од каде по заминувањето доаѓа во “Осогово“, каде ќе го замени досегашниот шеф на стручниот штаб, Крсте Крстев кој претходно си даде оставка.
Т. Ајтовски
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.