Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Женско е првото новороденче во Општата болница во Кочани во 2024 година

автор: Т. Ајтовски
4 јануари, 2024
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Женско е првото новороденче во Општата болница во Кочани во 2024 година

На Гинеколошко-акушерското одделение при Општата болница со проширена дејност во Кочани вчера попладне е извршено првото породување во 2024 година, а се родило женско бебе.

Со помош од специјалистот по гинекологија Илчо Атанасовски и акушерскиот тим од Болницата, Дивна Илиева и Даниела Поп Ѓорѓиева, новороденчето на свет го донесе 29-годишната Емилија Постолова од виничкото село Пекљани, на која ова ѝ е трета рожба.

-Породувањето помина нормално и спонтано, без проблеми, бебето е со телесна тежина од 3,3 килограми и должина од 50 сантиметри. Мајката имаше индуцирана преносена бременост од неколку денови, но породувањето беше со уреден тек и во моментот се чувствува одлично. Инаку, во периодот од една година и два месеца имам извршено 50 породувања, а само во 2023 година вкупно 35. Да споменам дека 2022 година ја завршивме со 97 породувања. Очекуваме во болницата да дојде и засилување од Скопје, што ќе претставува изненадување, затоа што ќе се работат и операции. Причина за намалениот број породувања се миграциите, односно иселувањето, поради што секаде во државата има помалку породувања, а освен тоа сега пациентките имаат и приватно осигурување во фирмите и избираат да се породуваат во приватни клиники, истакна гинекологот Атанасовски.

Од Општата болница нагласија дека поради недостигот од медицински кадар минатата година имало помал број породувања, а родилките се испраќани во други здравствени установи.

-Нешто повеќе од една година работи само еден специјалист, а во меѓувреме на специјализација имаме уште три лекари кои очекуваме да се вратат до крајот на оваа година. Со тоа се надеваме дека ќе го вратиме претходниот тренд со поголем број породувања, располагаме и со потребна опрема, односно ехо апарат, како и близначко ЦТГ, а лекарот е ангажиран и во Мој термин во амбуланта, истакна Душанка Горгиева Трпевски, директорка на Општата болница во Кочани.

Делегацијата од Општина Кочани, предводена од градоначалникот Љупчо Папазов денеска ги посети мајката и новороденчето, при што им посака добро здравје и им врачи пригодни подароци.

-Раѓањето на малата Бојана нека биде првиот знак за подобрување на лошиот демографски тренд и во нашата општина и во државата, во очекување дека ќе имаме повеќе новороденчиња. Упатувм благодарност до персоналот на Општата болница за грижата околу мајката и бебето, а на новороденчето му посакувам среќно детство, добро здравје и безгрижни денови во животот, истакна Папазов.

Првиот жител на општина Кочани во 2024 година е малиот Јаков Постолов, кој се роди на 1 јануари на една од приватните клиники во Скопје.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: новороденчеопшта болница со проширена дејност - кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

29. „Марш за ангелите“: Обвинети ги прекршуваат законските мерки и имаат средби со оштетени, ако за една недела нема одговор од Обвинителството ќе има посилни и поорганизирани акции
Кочани

29. „Марш за ангелите“: Обвинети ги прекршуваат законските мерки и имаат средби со оштетени, ако за една недела нема одговор од Обвинителството ќе има посилни и поорганизирани акции

автор: Т. Ајтовски
8 ноември, 2025
0

Родителите на загинатите во трагeдијата во клубот „Пулс“ јавно реагираа до Јавното обвинителство поради тоа што обвинети оствaруваат средби со оштетени лица со што можат директно да влијаат...

прочитај повеќе
Нов градоначалник на Кочани е Владко Грозданов, во вториот круг на локалните избори оствари разлика од над 1.400 гласа пред Венко Крстевски
Кочани

Нов градоначалник на Кочани е Владко Грозданов, во вториот круг на локалните избори оствари разлика од над 1.400 гласа пред Венко Крстевски

автор: Т. Ајтовски
3 ноември, 2025
0

Владко Грозданов, кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е нов градоначалник на Општина Кочани откако во вториот круг на локалните избори оствари разлика од над 1.400 гласови пред...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
ное 9, 2025 - нед
Кочани, MK
12°C
облачно
облачно
1 m/s, ENE
93%
762.82 mmHg
sun11/09 mon11/10 tue11/11 wed11/12 thu11/13
слаб дожд
18/12°C
слаб дожд
17/13°C
слаб дожд
11/10°C
одвоени облаци
14/8°C
чисто небо
16/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?