Тело на женско лице рано утрово е пронајдено на заштитната решетка од десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“, на влезот во Оризари.
Вработените на водостопанската подружница од Кочани веднаш излегле на терен и го намалиле дотокот на вода од браната Калиманци, за да може телото на удавената жена да се извлече од каналот. Според сè уште непотврдени информации се работи за постара жена од Оризари, а случајот го пријавил нејзиниот син.

На местото на настанот увид прават стручни екипи од полицијата и од Основното јавно обвинителство од Кочани, кои треба да го потврдат идентитетот на настраданата жена.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.