Жителите од населбата Трајаново Трло упатија реакција поради тоа што во текот на денешниот ден и ноќва се без електрична енергија.
Причина за прекинот во снабдувањето со струја е што настанал дефект во напојувањето и не е отстранет, а работниците што работеле најавиле дека ќе продолжат утре.
-Ние, жителите на Трајаново Трло, уште еднаш ја почувствувавме негрижата на институциите. Останавме без електрична енергија цел ден, а последниот одговор од ЕВН е дека ноќта мора да ја поминеме без струја. Веќе имаме и штети поради расипани електрични уреди, а и храната во фрижидерите се распиува. Има мали дечиња кои се оставени да мрзнат на овие ниски температури. Ова е преседан, со оглед на тоа што на нашите претходни апели да се отстранат бројните диви приклучоци, останаа глуви, а сметаме дека тоа е едно од причините поради кои останавме без струја. Прашуваме дали во Кочани важи истиот закон како и секаде во државата. До кога ние што плаќаме ќе страдаме, а ајдуците кои крадат струја ќе се чувствуваат привилигирани. Бараме итно, уште во текот на ноќта, ЕВН да испрати екипи и под рефлектори да работи на отстранување на дефектот, се наведува во реакцијата на жителите.
Жителите испратија и фотографии од столбовите за електрична енергија за кои наведуваат дека има „диви“ приклучоци.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.