Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Жителите на „Ѓорѓи Пулевски“ најавуваат граѓанска непослушност ако не се покрие десниот магистрален канал во нивната населба

автор: Т. Ајтовски
18 јули, 2024 13:13
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Жителите на „Ѓорѓи Пулевски“ најавуваат граѓанска непослушност ако не се покрие десниот магистрален канал во нивната населба

Жителите на улицата „Ѓорѓи Пулевски“, во близина на поранешната Дневна нега во населбата Усова Чешма, реагираат поради небезбедната околина во која живеат, а што ја предизвикува десниот магистрален канал од хидросистемот „Брегалница“. Длабокиот и широк канал што поминува непосредно до нивните дворови и куќи не е покриен и соодветно заштитен, поради што е секојдневна закана и опасност од несакани последици.

Кракот од улицата е широк колку да помине едно возило и покриен е со гребан асфалт. Импровизираните сообраќајни приоди до живеалиштата поминуваат преку каналот, а состојбата со години не е променета.

Жителите повеќе пати испраќале и писмени и усни барања до надлежните локални и државни служби за средување на состојбата и покривање на каналот, но досега немало никаква реакција.

-Луѓето сами си правеа огради, со жица, плетат, се мачат. Никој не дошол да види што е и како е. Мостови сами си градевме, ни дадоа плацеви и никој не ни помогна. Пријавувавме во Водостопанство, нивен е каналот. Опасно е, многу е опасно, кога ќе ми дојдат гости со дете јас трчам по него, наместо да се видиме со родителите. Децата тука си играат, возат велосипеди, од овде поминуваат и на школо, одат во „Гошо Викентиев“ и во „Малина Попиванова“, а од април до септември кога има вода е посебно опасно. Да се покрие каналот е главното барање на населението овде, рече жителка на улицата „Ѓорѓи Пулевски“.

На последната седница на Советот на Општината, во вид на советничко прашање, беше доставено ново барање до општинските служби да изработат проект и да побараат дел од парите што Владата ги ветува како финансиска помош за локалните самоуправи во државата. Во спротивно, сами ќе се организираат и ќе применат порадикални мерки.

-Водени од вербата во предизборните ветувања на премиерот Мицковски дека ќе се обезбедат пари за решавање на инфраструктурни проблеми во општините, бараме од соодветниот сектор во Општина Кочани да изработи проект со кој ќе аплицира за овие средства, а за решавање на овој наш децениски проблем. Освен што бараме да ни се обезбеди пристап до нашите домови, за што сите имаме платено комуналии, бараме и да се покрие каналот, затоа што вака откриен е потенцијален убиец и за нас и нашите деца. Сметаме дека овие наши проблеми требало одамна да се минато, а ако и сега нема слух од надлежните, највуваме граѓанска непослушност, протести и блокада на работата на Општината, истакна Васе Алексов, член на Советот на Општина Кочани.

Непокриениот дел од десниот магистрален канал што поминува низ овој дел од населбата е со должина од околу 500 метри. Потенцијалната опасност што тој ја предизвикува е зголемена во ноќните часови поради недоволната осветленост на околината. Овдешните жители се надеваат дека општинските служби сериозно ќе го сфатат барањето и ќе подготват проект со кој ќе побараат државна помош за решавање на повеќедеценискиот проблем.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: десен магистрален каналопштина кочанисовет на општина кочаниусова чешма

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Во ритамот на креативноста: Се одржа базарот на рачни изработки „Кочани твори“
Кочани

Во ритамот на креативноста: Се одржа базарот на рачни изработки „Кочани твори“

автор: Т. Ајтовски
1 март, 2026 18:02
0

Во организација на здружението „Синтезис“ од Кочани, пред кафе-барот „Какао либре“, денеска се одржа базарот на рачни изработки под насловот „Кочани твори“. Настанот беше несекојдневен и значаен чекор...

прочитај повеќе
Пораки за правда и одговорност за трагедијата во клубот „Пулс“ упатени на 38. „Марш за ангелите“ во Кочани
Кочани

Пораки за правда и одговорност за трагедијата во клубот „Пулс“ упатени на 38. „Марш за ангелите“ во Кочани

автор: Т. Ајтовски
28 февруари, 2026 16:54
0

Во Кочани денеска се одржа 38. „Марш за ангелите“, посветен на жртвите од трагедијата во клубот „Пулс“. Маршот започна од Паркот на револуцијата, по што учесниците поминаа низ...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 9, 2026 - пон
Кочани, MK
10°C
облачно
облачно
3 m/s, SE
64%
771.82 mmHg
mon03/09 tue03/10 wed03/11 thu03/12 fri03/13
облачно
11/7°C
облаци
14/6°C
чисто небо
15/6°C
чисто небо
16/7°C
чисто небо
15/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?