Жители на крак од улицата „Пролетерски Бригади“ во Кочани се сочуваат со проблем, што според нив е долгогодишен. Тие се незадоволни од делумната реконструкција на коловозот и бараат целосно, од почетокот до крајот на кракот, да се извади стариот бетон и да се замени со нов.
Според нив решението е несоодветно и повеќе семејства ќе имааат отежнат пристап. За таа цел бараат од Општината да интервенира во интерес на сите жители.
Жителите од улицата „Пролетерски Бригади“ се обиделе да стапат во контакт со надлежните служби во Општината, но резултатот бил неуспешен. Сепак, остануваат на барањето да се изнајде решение додека трае реконструкцијата, со што коловозот по повеќедецениско исчекување ќе биде целосно обновен.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.