Екипата на женскиот фудбалски клуб „Кочани“ е нов шампион во Втората фудбалска лига во женска конкуренција.
На натпреварот од последното коло што нашите девојчиња денеска го играа во Скопје против „Вардар“, забележаа победа од 1:0. Единствениот гол од пенал во 63 минута го постигна Катерина Милеска, која игра во одбранбениот ред.

И покрај минималната победа, тоа беше доволно ЖФК „Кочани“ да го потврди одличниот настап во првенството во кое постигна 18 победи и само еден нерешен резултат. Убедливо, со 40 бода, клубот се најде на првото место, пред директниот конкурент „Вардар“.
По последниот натпревар од оваа второлигашка сезона, младите фудбалерки заедно со стручниот штаб, заслужено му се радуваа на освоениот пехар што е уште една голема титула во нивната ризница.

Од наредната сезона ЖФК „Кочани“ се враќа меѓу најдобрите во државата и ќе настапува во Првата фудбалска лига во женска конкуренција.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.