Женскиот фудбалки клуб “Prestige soccer training“ претходно одигра уште два пријателски натпревари со солунски “Арис“ и струмичка “Тиверија“, а гостувањето во Кочани беше поради поврзаноста на тренерскиот кадар со Македонија, односно со нашата општина. Главниот тренер и шеф на стручниот штаб Ненад Ѓоргиев има облешевско-радовишко потекло, поради што решил да ја доведе својата екипа и кај нас.
– Од 2006 година, па до денес се занимавам само со фудбал, имам моја академија во која има над 600 деца и еден сениорски тим. Особено женскиот фудбал е на високо ниво, знаејќи дека тие се олимписки шампиони, светски шампиони и мислам дека натпреварите овде се добра идеја, да видиме до кој степен е развиен нашиот фудбал таму и до кој степен е развиен фудбалот овде, а во истиот момент го промовираме женскиот фудбал овде, рече Ненад Ѓоргиев, тренер на “Prestige soccer training“.
Ѓоргиев додаде дека неговата екипа се натпреварува во ранг на трета американска лига што е солиден успех со оглед на бројноста на екипите и големата конкуренција што ја има таму. Во моментот во сениорскит тим нема фудбалерки со потекло од Македонија, но во младинските категории веќе тренираат две деца од Кичево и од Македонски Брод.
Пријателскиот натпревар во Кочани помина во одлична атмосфера, а го судеше судиска тројка од Бугарија.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.