Со одигрувањето на последните натпревари по групи, на Петровденскиот турнир во мал фудбал познати се екипите кои ќе продолжат во четвртфиналето.
Натпреварот од групата Д меѓу „Ефремови“ и „Еуропетрол“ не се одигра откако домаќините не се појавија на теренот, поради што екипата од Штип го доби со службен резултат од 3:0, со што обезбеди пласман понатаму.

Екипата на „Џинџер бар“ беше подобра од „Голден бојс“ и со резултат 6:3 се најде на втората позиција во групата Ц, па продолжува во четвртфиналето. Во групата Д фудбалерите на „Аледар“ беа подобри од „Филитеа“ и со 4:2 го обезбедија второто место во групата што им овозоможува понатамошен настап.
Четвртфиналните натпревари ќе се играат в петок и сабота, а силите први ќе ги одмерат „Амфенол“ и „Аледар“ кои играат утре од 19 часот. Еден час подоцна ќе се сретнат „Аутовелт“ и „Џинџер бар“. В сабота од 19 часот е четвртфиналниот натпревар меѓу „Ефремови“ и „Фичо барбер Шери казино“, а во 20 часот ќе играат „Рели“ и „Осоговска куќа“.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.