Стручните работи за реставрација и конзервација на мозаикот и на архитектонскиот дел од Споменикот на слободата се завршени, а по тој повод денеска Општина Кочани беше домаќин на амбасадорката на САД, Анџела Агелер и на министерот за култура, Зоран Љутков.
Санирањето на оштетувањата на Споменикот, чија изградба е завршена во 1981 година, се реализираше со финансиски грант од 254 илјади американски долари, што ги обезебеди амбасадорскиот фонд на Амбасадата на САД.

При посетата на објектот, амбасадорката Агелер го истакна задоволството од завршените работи и од можноста што со поддршка од американскиот народ е зачуван важен монумент од историски и уметнички аспект.
-Чест и привилегија е да се биде дел од ова, да ја видите извонредната работа на македонските уметници и занаетчии кои го обновија овој голем проект. Исто така, голема чест е да се биде овде и со сопругата и ќерката на Чемерски кои му пристапуваат на овој проект со толку многу лична љубов и грижа. Задоволство е што сум овде, што можеме да го поддржиме зачувувањето на културата и сите граѓани на да можат да го посетат многу богатото наследство. Оваа земја има огромен број скапоцени историски богатства и тоа е одлична можност за народот на Соединетите Држави да помогне, бидејќи во тешки економски времиња понекогаш е тешко да се даде приоритет на вакви проекти. Ова се богатства за сите нас, тие се во вашата земја, но јас чувствувам голема блискост со нив како Американка, така што ова се работи што секој граѓанин на која било земја, од кој било дел од светот може да дојде и да ужива во убавината и значењето на културното наследство во вашата земја, истакна амбасадорката Агелер.

Министерот за култура, Љутков истакна дека Споменикот на слободата во Кочани, чии автори се уметникот Глигор Чемерски и архитектот Радован Раѓеновиќ, е огромно архитектонско и уметничко дело што треба да се зачува.
– Посебно ми е драго што имаме едно одлично пријателство со Соединетите Американски Држави коишто се наши стратешки партнери и во делот на политиката и во делот на економијата, но посебно ми ја драго што се наши блиски партнери во делот на културата и што заедно заживуваме повторно вакви значајни значајни споменици. Носител на грантот е Општина Кочани, а стручниот надзор, професионалните работи ги вршеше Заводот за заштита на спомениците на културата и Музејот од Штип. Македонија заедно со САД работат на многу проекти и во овој период од 2001 година до сега од страна на амбасадорскиот фонд се вложени околу 2 милиони евра.то на објектите за културна наследство со оглед на тоа дека повеќето од нив составени на забот на времето дали е приоритет тешко да биде дали се предвидени средства во буџетот за следната година можеби а во плановите за одржување и растабрација на вакви објекти повеќе чекаат во македонија да секако како што кажа и амбасадорката македонија има изобилие на културно наследство, истакна министерот Љутков.

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов упати благодарност за поддршката околу реконструкцијата и заштитата на Споменикот, оценувајќи дека приоритет во иднина ќе биде тој да се зачува од атмосферските влијанија, но и од вандалското однесување на поединци.

-Времето во кое е граден овој споменик, амбициите со кои е пристапено во реализацијата на мозаикот од 330 метри квадратни, што е сериозен уметнички и архитектонски предизвик, претставува обврска е да се грижиме добро за ова културно наследство заради тоа што зборува за историјата на македонскиот народ, заради тоа што е влезен во Регистарот на споменици на културата заштитени со закон. Сакаме да го оживееме со поголем број настани, со поголем број луѓе присутни на овие простори, во исто време да обезбедиме физичко обезбедување и видео надзор. Осветлувањето е веќе завршено и очекувам дека граѓаните, пред сѐ, ќе го чувствуваат како свој простор и ќе учествуваат во грижата за зачувувањето на ова културно-историско наследство, истакна Папазов.
Со реставраторските работи обновени се скоро 80 отсто од Споменикот кој имаше сериозни оштетувања, и на мозаичните фризови, но и на целата архитектура во амфитеатралниот дел и во околниот простор.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.