За време на продолжениот празничен викенд, на Пониква се одржа традиционалната 10. ликовна колонија „Св. Пантелејмон“.
Ликовната колонија се одвиваше под менторство на м-р Александра Димитрова, академски сликар од Кочани.
Изложба на делата од Ликовната колонија ќе се одржи во рамки на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2024“, на 28 септември во Паркот на Револуцијата, со почеток во 10:30 часот.
Градоначалникот Љупчо Папазов ги посети учениците кои цртаа по два мотива, од кои еден од поднебјето на Кочани, а еден по слободен избор.
Ликовната колонија „Св. Пантелејмон“ е поддржана од Програмата за култура на Општина Кочани за 2024 година.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.